Мурињо: Секогаш ќе бидам голем фан на Реал Мадрид, тие го имаат најдобриот тренер на светот
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, ја остави отворена вратата за враќање во Реал Мадрид, велејќи дека „секогаш ќе биде голем фан“ на клубот.
Португалецот беше запрашан дали во иднина би бил подготвен повторно да биде тренер на шпанскиот гигант. 61-годишниот тренер го предводеше Реал Мадрид до титулата во Ла Лига, Купот на Кралот и шпанскиот Суперкуп во неговите три сезони во клубот помеѓу 2010 и 2013 година.
- Секогаш ќе бидам голем фан на Реал Мадрид. Тие го имаат најдобриот тренер на светот, мојот пријател Карло. Нему му оди многу добро. Иднината зависи од тоа што сака претседателот на клубот, дали сака млад тренер со визија како Чаби Алонсо или да продолжи во иста линија како Карло, тренер со искуство, или да се сврти кон младинскиот дел со Раул или Алваро Арбелоа. Зависи“, истакна Жозе Мурињо.
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов