Муцунски се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Сарацин
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин.
На средбата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше дискутирано за евроинтегративните процеси на нашата држава, актуелните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области. Посебно внимание беше посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната улога во засилување на политиката на проширување на Европската Унија во претстојниот период.
Министерот Муцунски изразил благодарност за личниот ангажман на специјалниот претставник Сарацин во динамизирањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Тој исто така ја нагласил континуираната и силна поддршка на Германија за европската иднина на државата и на земјите од регионот, посебно преку активностите во рамките на Берлинскиот процес.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека