КСЗД: Државните институции ги дискриминираат граѓаните, од приватниот сектор се плашат да пријават неправилности
Државните институции ги дискриминираат граѓаните. На адресата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација стигнале 405 претставки од граѓаните за 2024-та година. Најголемиот дел од нив се пожалиле дека се дискриминирани на работното место, а се вработени во јавниот сектор.
„Има претставки за етничка припадност“, изјави Игор Јадровски, Комисија за спречување и заштита од дискриминација.
80% од претставките покажуваат дека државните институции се најголеми дискриминатори на граѓаните. Но дали овие податоци покажуваат дека државните органи ги дискриминира граѓаните, или се плашат да пријават неправилности во приватниот сектор.
„Ме загрижува оти никој не пријавува од приватниот сектор“, изјави Гордана Силјановска Давкова, претседателка.
Позитивен тренд кој се провлекува во последните четири години, според надлежните во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е дека институциите ги прифаќаат нивните препораки и мислења за подобрување на состојбите и намалување на непријатностите.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар