Монструозно злосторство: И ги извадил очите на сопругата зошто не знаела да готви

Страотен случај на семејно насиство го потресе Чиле. Маурисио Ортега се обидел да ја убие својата сопруга Набила Руфо оставајќи на улица среде бел ден со тешки телесни повреди.
Покрај скршениците, она што е најбизарно е дека додека лежела онесвестена на улица тој и ги извадил очите.
Злосторството се случило во градот Којајке на југот од Чиле. За застрашувачкиот напад Ортега е осуден на 26 години затвор. Рифо (29), мајка на 4 деца, од кои две и се од врската со Ортега, е пронајдена без свест на улица со повеќекратни скршеници на черепот, неколку скршени заби, и без очи.
На судењето 50 сведоци и 12 форензичари сведочеа за хоророт што се случи тој ден. Самата жртва изјави дека од својот партнер и татко на двоите деца со години речиси секојдневно трпела злоставување, како физичко, така и психичко, поради најбизарни можни причини.
„Ме малтретираше поради храната која „лошо“ сум ја готвела, за секоја ситница. Ми говореше дека сум ку*ва...Се случуваше да ме влече по скалите“, изјави несреќната жена. Во текот на сведочењето се присети и на моментот кога се разбудила по нападот.
„Кога се разбудив лекарите не ми рекоа многу за мојата состојба. Очите ми беа покриени. Еден ден ја прашав сестрата зошто не можам да го видам светлото а таа ми рече дека доживеав несреќа. Ја прашам дали тоа значи дека нема повеќе да можам да гледам, таа ми рече „да, но ќе ви дадеме протези за тоа“.
Ја прашав дали со тие протези ќе можам повторно да гледам, а таа ми одговори „не“. Имав чувство дека сум во пекол, рече жртвата.
Овој случај привлече големо внимание во јавноста. Медиумите за него известуваат како за „најлош случај на семејно насилство“, што инаку е голем проблем во Чиле.
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
