Македонија
19. July 2017 - 17:51

Младите македонски кошаркари ја декласираа Малта на ЕП во Романија

 Со победа над Малта со 99:60 младинската репрезентација на Македонија ја завршува групната фаза на Европското првенство (Дивизија Б) кое се одржува во Орадеа, Романија.
 
Македонија на крајот во Ц-групата има биланс од две победи и два пораза доволно за четвртото место на табелата.
 
За „црвено-жолтите“ следува еден ден по што ќе разигруваат за пласман од деветтото до шеснаесеттото место на првенството.
 
Следен противник на Македонија е третопласираниот во групата Д, а првиот натпревар за пласман од 9 до 16 место ќе биде одигрн в петок (21 јули).