Млад велешанец пронајден мртов под Железен мост
- Човечкиот труп на млад велешанец утрово е најден под Железен Мост, во населбата Дворови во Велес.На лице место била повикана екипа на Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес, информира за МИА, Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Јавниот обвинител Анастасија Миланова беше на местото на настанот и според првичните информации, како што од ОЈО Велес за медиумите соопшти Цветанка Богоевска, Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес, таа констатирала дека на телото на пронајдениот мртов 34 годишниот маж немало траги на насилство.
- Станува збор за велешанец роден 1990 година, а неговото тело лежело на земјена површина под мостот на скоро средина од должината на железната конструкција. Во првичните информации можам само да соопштам дека на телото на 34 годишниот маж нема траги на насилство, ниту убодни рани. Земени се примероци од дополнителни траги на лице место, како и друг вид на материјал што ќе биде испратен во Одделот за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи во Скопје. Обвинителката Миланова веќе побара телото на починатиот маж да биде испратено на обдукција во Институт за судска медицина во Скопје, информира Цветанка Богоевска Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес.
Инаку, на Обвинителството во Велес познат му е идентитетот на мртвиот велешанец.
Ново на Сител
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука