Живот
28. February 2017 - 17:10

Мислеле дека овој чистач е измамник и дека краде - А потоа ја дознале вистината!

Кога дознале дека чистач заработил 223.000 долари сите биле изненадени! Еве како оваа неверојатна сума стигнала во рацете на чистачот Лианг Зао Занг.
 
Лианг Зао Занг за четири пати ја зголемил својата плата во 2015 година бидејќи работел без ниту еден слободен ден.
 
Калифорниски активисти откриле дека чистачот, кој работи во метро, имал годишна плата од 223.000 долари.
 
Основната плата која Лианг Зао Занг ја заработувал годишно изнесувала 54.000 евра и дополнителни 13.500 евра како додаток од компанијата како чистач за Bay Area Rapid Transport (BART) во Сан Франциско, пишува британски „Metro”.
 
Но, поради неговата прекувремена работа тој годишно добивал уште 156.000 евра.
 
Според податоците до кои дошол Роберт Фелнер кој во име на компанијата се занимава со калкулации на исплатите, објаснил дека Лианг работел секој ден во 2015 година, и тоа претежно прекувремено, и дека помеѓу 2012 и 2015 година вкупно добил плата од 663.000 евра.
 
Шефот на овој вреден работник рекол дека Занг едноставно никогаш не одбивал прекувремена работа и дека еднаш работел по 20 часа во 18 последователни денови.
 
„Нема многу работници кои сакаат толку да работат. Тој секогаш беспрекорно ги извршува своите работни обврски и имам целосна доверба во него, па поради тоа не ми е проблем секогаш да го платам колку што заслужува“, рекол Рој Агилера, шефот на BART.
 
Тој напоменал дека Занг не е единствениот кој заработува толку и дека има уште неколку чистачи кои се трудат да заработат повеќе, пишува „Mirror”.