Мишел: ЕУ го осудува недостигот на лојалност на САД во кризата со подморниците
– Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска оцени дека САД покажале недостиг на лојалност и транспарентност кон кризата со раскинувањето на договорот за австралиската нарачка на француските подморници во рамките на новото стратешко партнерство на САД, Велика Британија Британија и Австралија.
-Основните принципи меѓу сојузниците се транспарентноста и довербата, тие одат заедно. И што гледаме сега? Очигледен недостиг на транспарентност и лојалност, рече Мишел пред новинарите во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН.
Мишел додаде дека Европската унија (ЕУ) побара појаснувања од Вашингтон за да ги разбере намерите на стратешкото партнерство меѓу трите земји, бидејќи тоа е неразбирливо.
САД, Велика Британија и Австралија на 15 септември го објавија новото партнерство во Индо-пацифичкиот регион, но овие земји претходно не ја консултираа Франција, која загуби вреден договор за испорака на подморници во Австралија.
Мишел изјави дека ЕУ тој ден се почуствува дека е игнорирана од американскиот претседател Џо Бајден исто како во времето на неговиот претходник Доналд Трамп.
-За време на поранешниот претседател на САД, според неговиот тон и обраќање, барем беше јасно дека ЕУ не е партнер и нивен неопходен сојузник, рече Мишел.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден