Кривична за вработен во ЈП „Национални Шуми“ поради фалсификување службена исправа
СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ц. Ѓ. (63) од Скопје, вработен во Јавното претпријатие „Национални Шуми“ поради фалсификување службена исправа.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи пријавениот, вработен како референт за превоз во Јавното претпријатие „Национални Шуми“ - Подрачно шумско стопанство Караџица – Скопје, на 03.07.2023 издал испратница за натоварено огревно дрво во товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки за количина од четири кубни метри.
Подоцна, при контрола на возилото и по извршениот увид и премерување од Шумската полиција, било констатирано дека во возилото има претовар, односно дека вистински натоварената количина огревно дрво не одговара на наведената количина во издадената испратница од страна на пријавениот
Ново на Сител
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром
-
43-годишник не прифатил знак за запирање и со возило се обидел да удри во полицаец
-
Сообраќајот на автопатот Скопје - Велес пред Катланово пренасочен преку езерото Младост
-
Владата на Србија предложи нападот врз здравствените работници да биде посебно кривично дело