-->
-->
„Мис Порто Рико“ избрана за нова „Мис на светот 2016“
-->
„Мис Порто Рико“, 19-годишната Стефани дел Вале победи на изборот за убавина „Мис на светот 2016“, што се одржа синоќа во Оксон Хил, близу Вашингтон.
Црнокосата студентка ја доби круната од Шпанката Миреа Лалагуна, која победи на минатогодишниот избор во Кина.
- Чест и голема одговорност е да бидам претставничка на Карибите, изјави убавицата.
Вале говори три јазика - шпански, англиски и француски. Нејзиниот животен сон е да работи во забавната индустрија.
Втора најубава девојка на светот е Јарица Рамирез од Доминиканската Република, а трета беше „Мис Индонезија“ - Наташа Мануела.
Во најтесниот круг од пет девојки, односно во финалето влегоа и претставничките на Кенија и Филипините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?