Мирен протест на жители од село Раковец за нелегална сеча на дрва
Педесеттина жители на селото Раковец, општина Боговиње денеска одржаа мирен протест во дворот од јавното претпријатие Македонски шуми - подружница Лешница во Тетово. Тие велат дека шумата во околнината на нивното село постојано се сече и тоа по системот чиста сеча со што во многу се загрозува нормалниот живот на селаните.
Тие меѓу другото бараат и да се забрани транспортот на дрва од селото и најавуваат дека доколку од тетовската подружница не добијат позитивен одговор ќе го радикализираат протестот и пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје.
- Почнувајќи од 2007 година до денес имаме поднесено барања до ЈП Македонски шуми подружница Тетово како надлежен орган за забрана на сечење дрва во атарот од нашето село, а истовреме да се преземат мерки за пронаоѓање и казнување на сторителите. Но досега овие барања не се прифатени сериозно од страна на ЈП Македонски шуми ,изјави претседателот на месната заедница Раковец, Рамадан Џелили.
Раководителот на подружницата на Македонски шуми Лешница од Тетово, Тони Ивановски посочи дека за жителите на Раковец проблематични се шест до седум жители на Пирок кои порано живееле во Раковец.
- Согласно законот секој може да сече државна нискостеблеста шума со постојано живеење во рурално подрачје за сосптвени потреби, а не за продажба. Во реонот на Раковец нема дива сеча и за останатото има целокупна исправна документација, а самостојниот референт и другите надлежни од подружницата постојано се на терен. На жителите од селото им беше излезено во пресрет бидејќи поради нивно противење со фирма што доби на тендер да сече околу илјада метри кубни дрва во Раковец го раскинавме договорот, појасни Ивановски.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци