Министерот Хасан во работна посета на три битолски компании
Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан посети три битолски компании – „Принт Солушн“, „Метал Коп“ и „Бабам Фуд“ кои во 2018 година добиле финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка.
Тој ги разгледа производствените погони, се запозна со целосниот процес на производство и секојдневното работење, како и со машини што им се потребни за нивното работење. На средбите беше истакната поддршката која компаниите ја имаат во нивното работење со цел да се развиваат и да достигнуваат нови успеси.
Принт Солушн е компанија која се занимава со печатење хартија, честитки и картички и рекламен материјал за комерцијална употреба. Метал Коп е компанија од метална индустрија, произведува алуминиумски профили за прозори и врати, а Бабам Фуд произведува традиционална македонска храна од растително потекло, како што се ајвар, мармалад и слично, дел од производите се извезуваат во Австралија.
Владата вчера одржа седница во Битола на која еден од приоритетите беше одлуката за склучување договори за доделување финансиска поддршка на компании. Владата ја разгледа и усвои информацијата за склучување договори за доделување на поддршка на 170 компании преку програмите на Планот за економски раст и развој. Вкупната вредност на инвестициите во овие 170 компании изнесува 230 милиони евра, со што се отвораат 4.577 нови работни места.
Ново на Сител
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи
-
Мицкоски и врати на Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија
-
Кој ја партизира АНБ - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска со меѓусебни обвинувања