Мицкоски: Во градинката во Трубарево ќе бидат згрижени над 60 дечиња
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес учествуваше на поставувањето камел темелник за изградба на детска градинка во Трубарево.
„Денес го одбележуваме стартот на уште еден важен проект, нова детска градинка овде во Трубарево. Во Гази Баба се реализира уште едно ново ветување, кое беше дадено на изборите пред граѓаните. Проблемот со недостаток на градинки, особено во големите населени места е хроничен.
Листите на чекање преставуваат сериозен проблем и на овој начин преку изградба на вакви објекти ние го правиме првиот чекор за решавање на проблемот. 19 милиони денари ќе се инвестираат за градба на оваа градинка која ќе има опфат на над 60 дечиња.
Но, ова не е единствениот проект кој се реализира за овој крај и оваа општина. Можам да му честитам за посветеноста и ангажираноста на градоначалникот Бобан Стефковски кој во моментов реализира повеќе десетици проекти важни за граѓаните. Се разбира ја користам оваа прилика да им честитам и на советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот, истовремено и на пратениците во македонското Собрание кои грчевито се борат за да можат да обезбедат проект повеќе за општина Гази Баба.
Работата е нашиот белег, додека на тазе опозицијата белег е политиката на ниски страсти, кочење и лаги. Ние ќе продолжиме со работа.
И ќе решаваме што е можно повеќе проблеми на граѓаните. Затоа што само така се сака Македонија. Само така ќе правиме повеќе за тебе, за сите вас“, кажа Мицкоски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен