Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти
Денеска сме во Битола да видиме како се реализира она кое што беше ветувано за време на кампањата на локалните избори.
Градоначалникот го кажа отприлика сето она кое што е сработено во овие би рекол шест месеци во оваа прва полу година откако тој е избран од страна на битолчани за градоначалник.
Навистина за овие први шест месеци во делот на инфраструктурата резултатите се импресивни, и ја користам оваа прилика да му честитам нему и на неговиот тим за проектите кои што ги реализираат и да посакам така да продолжат па дури и со степен повеќе да ги реализираат сите оние ветувања кои што беа дадени за време на кампањата на локалните избори, бидејќи пред нас се предвремени парламентарни избори на кои што ние ќе ја бараме довербата од граѓаните каде што ќе покажеме дека не сме сите исти и ако некој сака и се обидува таа кампања да ја води без разлика дали ќе биде овој или оној сите политичари биле исти. Но, не. Не се сите политичари исти различни се. Не можеме ние да бидеме исти со оние кои криминално владеат веќе петта година, толку пет години поминаа откако се избрани, без реформи, без проекти и кои што на отворена сцена ја понижуваат и омаловажуваат нашата Македонија.
Навистина можам да кажам дека од она што го гледаме денеска, но и од она кое што го гледавме изминатиот период е дека од Битола се очекува еден и веќе е во тек еден инфраструктурен бум, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија.
Ја користам оваа прилика да ги повикам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне победува, и тоа е практично целта на тоа за која што ние ќе протестираме.
Ќе имаме протесно лето што поскоро да има предвремени парламентарни избори за да може конечно да излеземе од оваа летаргија во која што се наоѓаме, да излеземе од рацете и канџите на криминалот и криминалците.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек