Мицкоски: Силјановска Давкова до 12 часот собра над 15.000 потписи
До 12 часот собрани се повеќе од 15 000 потписи за поддршка на кандидатурата за претседател на државата на професорката Гордана Силјановска Давкова, информираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
По потпишувањето за кандидатурата на Силјановска Давкова во Подрачната канцеларија на ДИК во општина Карпош, Мицкоски истакна дека ако се направи пресек за 14 часот бројката е над 20.000.
-Ова се силни индикатори, очекувам огромна победа на 24 април, а потоа на 8 мај, изјави Мицкоски, посочувајќи дека е уверен во победа во првиот круг со 100 000 гласови повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски.
Собирањето граѓански потписи за кандидатурата на Силјаноска Давкова за претседател на државата почна утрово во 8 часот. Нејзината кандидатура е поддржана и со потписи од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек