Македонија
16. October 2024 - 19:54

Мицкоски: Правичната застапеност ќе го гарантира и бадентерот и правото сите да добијат вработување

Законско решение кое ќе обезбеди правична застапеност при вработувањето во јавната администрација, мора да има, вели премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека законот ќе ги гарантира и правото за вработување за сите, но и правото на бадинтер. Според него потребен е закон кој е во согласнот со Уставот, а не хибридни решенија како во минатото кои сега се поништени.

Кога законот за кој министрите на Вреди тврдат дека е спремен ќе биде испратен до влада не прецизираат. Не говорат ниту за содржината, но и за нив е прифатливо мислење од Венецијанската комисија. Ги прашавме дали ја консултирале експертската јавност досега, одговор засега нема.

Опозицијата пак била подготвена да се вклучи во јавната дебата за да бидат прецизирани деталите од законот за правична застапеност. Претседателот на СДСМ Филипче во интервју за Сител порача дека правичната застапеност на сите групи е важен аспект и е дел од еден инклузивен процес, но законите да не се пишуваат по партиски штабови.

Деталите за новиот закон ќе се пеглаат на средби во владината коалиција, а потоа ќе бара стручно мислење и од експертската јавност преку јавни дебати.