Македонија
16. October 2024 - 16:49

ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%

Доколку следната недела се одржат избори 27,2% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 9,6% за СДСМ, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, коалицијата на ДУИ има поддршка од 8,5% а на Вреди 7,8%. Следи Левица со 4,8% и Движењето ЗНАМ со 4%. 15,5% од граѓаните рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, 11,6% одбиле да одговорат а 10,6% рекле дека не знаат.

Премиерот Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар. Во него најголема доверба имаат 27,8% од граѓаните. Следен е Ахмети во кого веруваат 8,6% по што следи Филипче со 5,5%.

Повеќе од половина од анкетираните имаат позитивни впечатоци за работата на премиерот во првите 100% дена додека нешто под една третина негативни.
Над 55% од граѓаните имаат позитивно мислење за првите 100 дена на владата додека 31% негативно.

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот од 10 до 13 октомври врз репрезентативен примерок од 1134 испитаници.