Мицкоски бара избори сега, попис догодина
Мицкоски бара предвремени избори годинава и попис следната, наместо оваа пролет. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека заштитата на здавјето на граѓаните треба да биде приоритет. Потенцира дека опозициската партија никогаш нема повикано на бојкот на пописот, туку на негово одложување.
„Нашиот став е јасен. Попис треба да има пролетта во 2022 година, во март или април. До тогаш ќе имаме фингер принт терминали кои веќе ќе бидат искористени на локалните избори. Доколку сега сакаат, имаат можност да направат електронски попис со точност од 5 отсто, односно да попишат 95 отсто од населението, а само 5 отсто да го посетат“.
Проблем за нормално функционирање на државата, според Мицкоски е и тенкото мнозинство во Собранието.
Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим. Потребно е ново мнозинство кое ќе ја извади Македонија на прав пат“, рече Мицкоски.
Премиерот Заев повеќепати досега го одби барањето за предвремени избори, додека пак за пописот остави можност за неговоро одложување но за еден до два месеци, по повикот од претседателот Пендаровски.
Последниот збор дали пописот во април ќе биде безбеден за здравјето на гртаѓаните, ќе го има Комисјата за заразни болести.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар