Мессер Вардар Техногас поведе внатрешна анализа за ненадејната смрт на вработен
Компанијата Мессер Вардар Техногас поведе внатрешна анализа во врска со ненадејната смрт на вработен која пред два дена се случи во кругот на фабриката за производство на јаглероден диоксид во битолското село Меџитлија.
Од Мессер Вардар Техногас информираат дека вработениот Борче Ристевски (47) на 19-ти февруари бил пронајден починат на работното место од негов колега при примопредавање на смената.
-Вработениот веднаш повикал итна медицинска помош и пристапил кон реанимација со масажа на срце. По доаѓањето на Итната медицинска помош лекарите констатирале смрт без видливи траги на насилство. Случајот беше пријавен во полицискиот одел во СВР Битола и тие извршија увид на лице место, по што телото на починатиот беше пренесено во Клиничката болница во Битола. Раководството и сите вработени на компанијата искрено и длабоко сочуствуваат со блиските на починатиот Борче Ристевски. Тој беше вреден и одговорен работник кој совесно и професионално ги извршуваше работните задачи и неговата смрт е голема загуба за колективот, истакнуваат од Мессер Вардар Техногас.
Од секторот за односи со јавност на компанијата посочуваат дека во текот на вчерашниот ден беше извршена обдукција на телото на починатиот, но до моментот на издавање на соопштението за јавност, нема информации за причината за неговата смрт.
- Мессер е во постојана комуникација со надлежните институции, и штом ќе добиеме официјално известување веднаш ќе го објавиме. Погонот на Месер Вардар Техногас во Битоа е еден од најсовремените производни погони за течен јаглероден диоксид во регионот. Процесот за производство е потполно автоматизиран и во него се аплицирани најиновативните технолошки решенија, се наведува во соопштението на Мессер Вардар Техногас.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка