Меркел: Мора храбро и решително да дејствуваме
Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека сега е важно да се дејствува исправно, храбро и одлучно за да може Германија да излезе од најтешката економска криза во својата историја.
Во неделната порака, Меркел истакна дека мерките договорени оваа недела го обединуваат класичниот пакет за подигнување на економијата и пакетот насочен кон иднината.
Класичниот пакет за економска поддршка ќе ги развива своите активности во 2020 и 2021 година, додека долгорочниот пакет за иднината од 50 милијарди евра ќе биде потребен затоа што со климатските промени и дигитализацијата се менува и начинот на стопанисување.
Според неа, германската влада во пакетот за иднината со климатските промени се справува со стратегија за водород, која ќе биде решително спроведена.
Таа исто така најави дека обновливите извори на енергија и санацијата на зградите ќе бидат посилно поттикнати, и ќе се случи целосна промена на мобилноста.
Исто така, ќе се интензивираат и напорите во областа на дигитализацијата, а во овој поглед, Меркел вели дека ќе се охрабрат вештачката интелигенција и изградбата на побрзи мрежи.
– Се работи за обезбедување на брза дигитална настава на училиштата, истакна таа и додаде дека сите овие чекори се можни само благодарение на фактот што економијата се водеше добро во последните години.
Меркел истакна дека за овие импулси ќе биде потребно и ново задолжување, но тоа не значи дека во наредните години не е потребно цврсто управување со буџетот.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари