МЕП: Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра

Од денеска земјава официјално започнува со примена на Единствената зона за плаќања во евра (СЕПА), со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА под исти услови како и во Европската Унија, информира Министерството за европски прашања.
- Денес, со започнување на практичната примена за полесни, побрзи и поевтини трансакции во евра, Северна Македонија и официјално стана активен дел од европската зона за плаќања, што претставува важен чекор во унапредување на интеграцијата со единствениот европски пазар, нагласува МЕП.
Приклучувањето кон СЕПА е дел од активностите во рамките на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој има за цел да ја забрза економската интеграција на земјите од регионот со Европската Унија преку зголемен пристап до единствениот пазар, поттикнување на инвестиции и унапредување на финансиските услуги, потсетува МЕП.
- Овој значаен напредок претставува конкретен резултат од заложбите на Владата и на Министерството за европски прашања на Република Северна Македонија за спроведување на европските стандарди и подобрување на условите за граѓаните и бизнисите. Со имплементацијата на СЕП плаќањата, нашата земја се приближува кон европските финансиски текови и го потврдува својот континуиран напредок на патот кон членство во Европската Унија, се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
-

Пораки за сплотеност и единство - Македонија го чествува денот на Св. Климент Охридски
-

Охрид го слави заштитникот на градот
-

По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
