Макфакс: Директорката која го прераспредели Бакрачески го унапредила својот сопруг
Директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ во Охрид, Гордана Доневска, која направила прераспоредување на кардиологот Никола Бакрачески, пред три недели го унапредила нејзиниот сопруг како раководител на болнички сектор, што практично е втора највисока функција во болницата.
Сопругот на актуелната директорка, докторот Зоран Доневски преходно имал функција на доктор во амбуланта кој вршел прегледи на пациенти, а сега одлучува за клучни работи во болницата и е надлежен за пациентите, персоналот, како и поединечи одделенија во установата.
„Макфакс“ дознава дека утринава во 08 часот, директорката Доневска одржала управен состанок, за кој се уште не се знае што имало на дневниот ред. Доневска и Донески, според нивните функции во кардиолошкиот завод, ги носат клучните одлуки поврзани со работата и функционирањето на установата.
Ново на Сител
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица
-
Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка
-
Без вода дел од Батинци
-
Приведен жител од Тетово во чиј дом е пронајдена дрога
-
Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот
-
Алба изненаден од изоставањето на Меси од номинацијата за „Златната топка“
-
Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето
-
Лазаров пред реваншот со Клаипеда: Одиме на победа и на вториот меч