Пратеничка во Италија го доеше бебето за време на седница, пратениците ѝ аплаудираа
Гилда Спортиело, пратеничка во италијанскиот парламент која се бореше да им се дозволи на жените да дојат за време на парламентарните седници, стана првата жена што го стори тоа.
Вчера во собранието, за време на гласањето на законот, Гилда почнала да го дои својот двомесечен син, што било поддржано со аплауз.
Гилда успешно лобираше за да се усвои правило, кое ќе им дозволи на жените да учествуваат во гласањето и дебатите, додека ги дојат бебињата до едногодишна возраст.
Весникот „Ла Република“ напиша дека Спортиело се надева дека нејзиниот чин ќе ги инспирира работодавците во Италија да им олеснат на вработените мајки и да им дозволат да дојат на работното место доколку сакаат.
„Од денес па натаму, ако највисоките италијански институции дозволуваат работничките да дојат на своето работно место, тогаш на ниту една жена, во која било професија, не може да ѝ се ускрати ова право“, рече таа.
Ново на Сител
-
Жител на Мала Речица се снимал со бомби во рацете, ОЈО бара притвор
-
Мицкоски ќе присуствува на отворање на канцеларија за услуги на граѓаните во Аеродром
-
Состојба на патиштата
-
Фон дер Лајен денеска во Косово, средба со премиерот Курти
-
Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад
-
Израел нападна ирански воени локации
-
Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-
Лисица во потрага по храна сред Сараево