Македонија
26. October 2024 - 10:26

Мицкоски ќе присуствува на отворање на канцеларија за услуги на граѓаните во Аеродром

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Аеродром.

На отворањето на канцеларијата, како што најавуваат од владината прес-служба, ќе присуствува и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Канцеларијата се наоѓа во трговскиот центар Бисер во Аеродром.