-->
-->
Македонските кошаркарски надежи на силни турнири во Белград и Истанбул
-->
Како дел од програмата која Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја спроведува во младите категории е претстојниот настап на две младински селекции на силни меѓународни турнири во Белград и Истанбул.
Репрезентативците на селекциите до 15 и до 16 години во текот на овие четири дена ќе одиграат пријателски натпревари со нивните врсници од четири кошаркарски клуба во српската престолнина Белград.
Противници на македонските надежи ќе бидат екипите на Црвена звезда, Партизан, Мега Лекс и Земун.
Кошаркарите од двете национални селекции кои во изминатите седум дена се подготвуваа во Скопје, по завршување на турнирот во Белград, на 15 јануари ќе заминат за Истанбул, каде ќе продолжат со активностите играјќи уште неколку пријателски натпревари.
На турнирот во Истанбул, кој е дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до 16-години“, црвено-жолтите ќе одиграат против Анадолу Ефес, Галатасарај, Дарушафака и најверојатно Фенербахче, топ четирите екипи во овие годишни возрасти во Турција, од кои впрочем потекнуваат и сите репрезентативци на оваа земја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите