Македонски автори на стрип-фестивал во Србија
Македонски стрип автори ќе учествуваат на традиционалната 19. по ред Балканска смотра на млади стрип автори, што ќе се одржува од денеска до 2 јули во Лесковац, Србија.
Организатор на стрип-фестивалот е училиштето за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“, кое работи во рамки на Лесковачкиот културен центар.
Претставници на издавачот „Стрип квадрат“ од Скопје пред балканските стрип-вљубеници ќе ги претстават своите изданија: сликовницата „Девојче на Месечината“ на Александар Стеванов, албумите „Витези од соседството“ на авторскиот тандем Јордан Коцевски и Дарко Богданов и „Бесмртните“ на Диме Иванов – Димано, како и монографијата „Имагинарен реализам“ на Тони Анастасовски.
- Ќе има плејада на стрип-автори од различни земји, меѓу кои и легендарните Игор Кордеј од Хрватска, Бернард Кол од Словенија, Петар Станимиров од Бугарија, Мирко Чолак од Србија како и многу други познати имиња од полето на светскиот стрип. На овој настан не изостануваат и наградите за стрип-автори, од кои скоро секоја година ги зема по некој млад македонски стрип-автор, вели издавачот Никола Темков, кој е најавен како специјален гостин на манифестацијата.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ