Македонија
5. November 2021 - 10:47

Македонија обезбеди привремен престој за 131 Авганистанци вработени во ОН

На Меѓународниот аеродром во Скопје синоќа пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан. Се работи за вработени на Обединетите нации, за кои Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава.
 
Од владината прес-служба информираат дека земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.

По слетувањето, беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Како што соопштија од Владата, тие ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Инаку, во земјава во моментов престојуваат 531 граѓанин на Авганистан, за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.