Македонија на 34. меѓународен саем за туризам во Бугарија
Зголемување на бројот на туристите од Бугарија и на бројот на аранжманите, најавува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија која деновиве е дел од 34. меѓународен саем за туризам „Холидеј&Спа Експо“ што се одржува вп Софија.
Според Агенцијата, на саемот се остварени средби со повеќе тур-оператори, туристички агенции и туристички комори од Бугарија. Оваа прилика беше искористена и за дополнителна промоција на Македонија преку гостување на различни емисии специјализирани за туризам во Република Бугарија.
- Познатиот тур-оператор Бохемија и Асоцијацијата на туристичките агенции на Бугарија (БАТА) сметаaт дека Македонија има атрактивна понуда за бугарскиот пазар, заклучок кој доаѓа како резултат на нивната организација на кружни тури низ Балканот, во кои е вклучена и Македонија, информира АППТ.
На саемот е остварена средба и со амбасадорот на Република Куба во Република Бугарија Педро Пабло Сан Јорге со цел негово запознавање на туристичките можности на Македонија и продлабочување на соработката во туристичкиот сектор меѓу двете земји.
Туристичката понуда на „Холидеј&Спа Експо“ од 15 до 17 февруари ја претставија 377 излагачи, а на штандот на Македонија беа присутни тур-операторите Фибула и БТБ Турс, како и хотелите Изгрев, Климетица, Сириус и Аурора Ресорт и Спа.
Ново на Сител
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка