Македонија и Бугарија потпишаа Програма за соработка во областа на културата
Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми и неговиот бугарски колега, Боил Банов денеска во Софија потпишаа Програма за соработка.
Овој билатерален документ, како што соопшти Министерството за култура, се надоврзува на потпишаниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка, а ќе ги интензивира културните врски меѓу двете држави во кои низ годините наназад се реализираа бројни иницијативи и проекти од сите дејности од областа на културата.
Во Македонија и Бугарија од 2005 година егзистираат и културно-информативни центри во кои континуирано се претставуваат уметници и институции од двете држави.
Министерот Адеми беше дел од македонската владина делегација што денеска, предводена од премиерот Зоран Заев, престојуваше во еднодневна работна посета на Република Бугарија.
Адеми и Банов положија и венец на споменикот на Гоце Делчев во Софија, со што се одбележа 147-годишнината од раѓањето на великанот, а воедно присуствуваа и на културно-уметничката програма, која по овој повод се реализираше во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. На настанот партиципираа уметници од повеќе држави кои интерпретираа извадоци од творештвото на Петре М. Андреевски, Пејо Јаворов, како и од музичките великани Жорж Бизе, Џузепе Верди, Јохан Штраус,…
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци