Македонија
12. February 2025 - 12:37

Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие

Советот на јавни обвинители се уште не го добил предлогот на владата за разрешување на државниот јавен обвинител. Претседаетелката на советот, Душица Димитриеска, вели дека штом го добијат таквиот предлог, ќе постапат во законскиот рок од 15 дена во кој треба да се изјаснат со позитивнио или негатинво мислење по барањето за разрешување на Коцевски.

Таа негира дека назначувањето на Виш јавен обвинител било незаконско. Според Димитриеска, назначувањето било од времен карактер, а обвинителката Наташа Крстевска Цилева со Вишото раководела додека трае дисциплинската постапката против шефот на тоа обвинителство.

Токму назначувањето на Виш јавен обвинител беше еден од аргументите на Владата за почне посапка за разрешување на Коцевски.