-->
-->
Македонија елиминирана од ЕП во ракомет
-->
Ракометната репрезентација на Македонија е поразена со 32-28 од домаќинот Австрија во решавачкиот дуел за опстанок на ЕП и со тоа ги заврши натпреварите уште во првата фаза.
Самиот почеток на натпреварот не навестуваше ништо добро за нашиот тим иако по водството на Австријците израмнивме на 4-4. Но во продолжението беа направени неколку грешки и заедно со промашените сигурни голови му овозможивме на противникот сигурно водство по првиот дел од 18-12.
Во второто полувреме избраниците на селекторот Брестовац продолжија со бледата игра па во еден момент предноста на противникот достигна и 10 поени.
На крајот успеавме да го ублажиме поразот и со само 4 погодоци негатива да го завршиме овој меч.
Стоилов со 5 погодоци беше најефикасен во нашиот тим додека на спротивната страна се истакна Билик со 6 постигнати гола.
Вториот патник од групата ќе биде познат по вечерашниот дуел помеѓу Чешка и Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите