Мајката го пронашла "дневникот на самоубиство" на ќерката: Рекла "Досадно ми е" излегла, па набрзо ја пронашле мртва!
Единаесет годишно девојче од Даблин, Мили Туомеј извршила самоубиство бидејќи не била задоволна од својот изглед.
Несреќното девојче напишало на својот Инстаграм профил дека сака да умре непосредно пред да си го одземе животот.
Мили со години пишувала како е незадоволна од својот изглед, а родителите Фиона и Тим се обиделе по препорака на лекар да ја одведат на психолог. Не отишла кај него бидејќи не примал повеќе пациенти.
Така таа завршила кај надрипсихолог, без никакви квалификации. Од ноември 2015. години Мили одела кај него, а на 30. јануари 2016 години нејзината мајка пронашла "дневник на самоубиство" во кој го запишала својот план, но и лековите со кои планирала тоа да го направи.
- Се сечела и пишувала по себе "убавите девојки не јадат" - вели мајката, додавајќи дека биле загрижени и уплашени.
На судот е кажано дека на 3 ноември 2015. година Мили напишала дека планира да се убие на одреден датум кој го прецизирала. Тогаш на 1. јануари 2016. година со семејството јадела и гледала филм. Сред филм кажала дека и е досадно и излегла од собата. Неколку минути подоцна родителите ја пронашле мртва. Повика Итна помо, но било прекасно.
- Мили бише мило девојче, и неверојатно сакано. Убава, здрава, имаше друштво и безброј таленти. Не можевме да поверуваме кога се тоа почна да се случува и кога почнала да одредува датуми кога ќе умре - раскажува очајната мајка на која од ќерката и останал дневникот и планот на самоубиство каде, помеѓу другото, наишла и на следното.
- Сакам да бидам славна докторка, да се омажам и да имам деца. Првото дете го сакам на 23, а другото на 24 години. Двете ќе бидат девојчиња и ќе се викаат Ванеса и Грејс - напишала несреќната Мили.
Ново на Сител
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите