Фудбал
15. February 2017 - 9:15

ЛШ: Предност за Бенфика за реваншот во Дортмунд

Фудбалерите на Бенфика со минимална предност ќе патуваат на осминафиналниот реванш во Дормунд, откако во вторникот ја совладаа Борусија 1:0.
 
Бенфика на „Луж“ стадионот, во најголемиот дел од натпреварот беше во подредена положба, но успеа да стигне до победата со голот на Костас Митроглу во 48.минута.
 
Трагичар на натпреварот е напаѓачот на Борусија, Пјер-Емерик Обамејанг, кој најпрвин во 10-та минута не реалзиира „мртва“ шанса, беше сам пред Едерсон но шутираше над голот, а во 55-та минута не реализира пенал.
 
Две чисти шанси не успеа да реалзиира ниту 19-годишниот Дембеле, во 22-та и 50-та минута Едерсон ги одбрани неговите удари.
 
https://

Единствениот гол Митроглу го постигна по корнерот на Салвио, Луисао ја спушти топката пред голот на Бурки, а Митроглу само ја спроведе во голот.

 
Реваншот во Дортмунд ќе се одигра на 8.март.