Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата
Хари Кејн испиша историја со тоа што стана најбрзиот играч со 50 голови во Бундеслигата. Капитенот на Англија дојде до оваа историска пресвртница со „хет-трик“ во вчерашната победа на Баерн против Аугсбург од 3:0.
На Кејн му беа потребни само 43 натпревари во Бундеслигата за да го постигне својот 50-ти гол, со што го надмина рекордот на Ерлинг Халанд, кому му беа потребни 50 натпревари за исто толку голови додека играше за Борусија Дортмунд пред да замине во Манчестер Сити.
Победата му однесе на Баерн осум бода повеќе од Лајпциг на врвот на табелата, со импресивна серија од девет победи и две нерешени во 11 одиграни кола.
- Знаевме дека ќе биде тешко да се пробие нивната одбрана и дека треба да бидеме трпеливи. На полувремето си рековме: Само да продолжиме да го правиме тоа што го правиме. За среќа добивме пенал кој го отвори натпреварот, а потоа добро го завршивме, изјави Кејн, кој веќе постигна 14 гола во 11 кола.
Ново на Сител
-
Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет
-
Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство
-
Приведен косовец, пронајдени седум мигранти на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Автомобил „форд“ излетал од патот Ресен - Битола, тешко повреден 68 годишен битолчанец
-
Уапсен 44 годишен тетовец, кај него пронајдена дрога
-
Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница
-
Македонски автобус се излизгал вчера по обилните врнежи во Србија