Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
Повредата на левиот бек на Баерн Минхен е посериозна од очекуваното, пренесуваат „Билд“ и „Скај Германија“.
Канадскиот бек заработи повреда на тетивата непосредно пред полувремето и беше принуден да биде заменет на мечот на Баварците со Феенорд, кој на крајот го загубија тешко со 0:3.
Повредата на Дејвис се очекуваше да го извади од терените само една или две недели, но новите тестови покажаа дека неговата повреда е потешка и тој ќе паузира 4-6 недели.
Тоа значи дека играчот сигурно ќе го пропушти евентуалниот прв натпревар од плејофот на Лигата на шампионите, кој ќе биде на 11/12 февруари. Сосема е можно Дејвис уште да не се опорави за важното гостување кај Баер Леверкузен на 15 февруари, како и за реваншот во плејофот на најпрестижниот европски клупски турнир.
Се очекува Баерн наскоро да го објави продолжувањето на договорот со 24-годишниот бек, кој беше силно посакуван од Реал Мадрид, но на крајот реши да остане во Минхен.
Ново на Сител
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот