-->
-->
ЛОИ: Паркер и кажа збогум на француската селекција
-->
Тони Паркер еден од најдобрите плејмејкери во историјата на европската кошарка, долгогодишен член на Сан Антонио Спарс, по поразот на Франција од Шпанија 67-92, во четвртфиналето на Олимписките игри, реши да стави крај на репрезентативната кариера.
„Ова ми беше последниот турнир со Франција. Горд сум на се што постигнавме заедно“, рекол Паркер по мечот со Шпанија, на кој постигна 14 поени.
Паркер има 34 години, а најголемиот успех со репрезентацијата го постигна во 2013 година кога на Евробаскетот во Словенија го освои златниот медал. Во кариерата со Франција тој има ште две европски бронзи (2005 и 2015) и едно сребро (2011).
Во меѓувреме тој стана најдобриот стрелец во историјата на Евроските првенства со вкупно постигнати 1.032 поени.
Француските медиуми пренесуваат дека по стапките на Паркер ќе тргнат и Желабал, Пјетрус и Диао.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите