Љубовна афера причина за нападот на лекарот од Слупчане?
Љубовната врска на медицинска сестра е причина за нападот на лекарот од Слупчане, неофицијално пишуваат дел од медиумите.
Имено, лекарот кој беше нападнат синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, е 48-годишник од Слупчане, Кумановско.
Засега во јавноста кружат информации дека личната пресметка е причината поради која докторот беше избоден од зад грб и кој сега се наоѓа надвор од животна опасност.
Него го нападнал сопругот на медицинска сестра.
Од МВР потврдиле дека лекарот бил нападнат околу 19.50 часот, од зад грб, пред ќебапчилница на улицата „Мајка Тереза“, при што се здобил со два убоди од остар предмет.
Полицијата работи на расчистување на случајот, а олеснителност при откривање на напаѓачот е тоа што лекарот го кажал името на напаѓачот.
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка