Преглед на вестите од светот
Американскиот претседателот Доналд Трамп синоќа го пречека премиерот на Израел Белјамин Нетанјаху во Белата куќа. Трамп рече дека Нетанјаху е „вистинскиот лидер“ за Израел. На прашањето за следната фаза од договорот меѓу Хамас и Израел, Нетанјаху ги нагласи неговите три воени цели.
„Го поддржувам извлекувањето на сите заложници и исполнувањето на сите наши воени цели. Тоа вклучува уништување на воените и владините капацитети на Хамас и осигурување дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел. Сите три“, рече тој.
Трамп рече дека се надева дека ќе ги обнови напорите за историска нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија, а американските власти нагласија дека таа цел, плус одржувањето на примирјето во Газа, ќе бидат фокус на Белата куќа.
Американскиот претседател предложи раселените Палестинци во Појасот Газа да бидат „трајно“ преселени во Јордан, Египет и други арапски земји.
Нетанјаху е првиот странски лидер што се сретна со Трамп откако тој ја презеде функцијата во неговиот втор мандат минатиот месец.
„Имаме доверба во Трамп“ е пораката на израелцитекои го повикуваат американскиот претседател да помогне во ослободувањето на преостанатите заложници. Во Газа се уште се држат повеќе од 70 заложници.
Десетина луѓе се убиени, а 15 се повредени во пукање во училиште во шведскиот град Оребро, јави Шведската телевизија. Шведските медиуми објавија дека напаѓачот се самоубил, но полицијата сè уште проверува дали напаѓачот е помеѓу жртвите. Локацијата на нападот се наоѓа на периферијата на градот Оребро. Во центарот возрасните можат да посетуваат основно и средно образование, а странците можат да посетуваат курсеви за шведски јазик и стручна обука. Мотивот на сторителот не е веднаш познат.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна.
Зеленски, би прифатил преговори „ако тоа би бил единствена опција која може да донесе мир на граѓаните на Украина“. Путин кон крајот на јануари изјави дека е отворен за преговори за крај на војхната во Украина, но отфрли директни разговори со Зеленски, бидејќи не гледа „волја“ кај Киев.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар