Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, Пеце Мирчевски.
-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое: Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.
Воедно, како што е наведено во соопштението, прифатен е предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. согласно чл. 146 ст. т1,2,3 и 6 односно Одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска да се јавува во судот, Забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.
Од Судот посочуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот