Loading Video...
Ф1
8. September 2019 - 16:53

Леклерк победник во Монца

 
На задоволство на италијанската публика и фановите на Ферари, возачот на овој тим Шарл Леклер е победник на италијанското Гранд При, возено попладнево на патеката Монца. 
 
До својата втора победа во кариерата и тоа втора во низа, откако претходно победи во Белгија, Леклер стигна пред конкурентите од ,мерцедес, Валтери Ботас кој заврши како втор и актуелниот шампион Луси Хамилтон кој беше на крајот трето пласиран. 
 
Во генералниот пласман и натаму лидер е Хамилтон сега со 284 бодови, или 63 повеќе од тимскиот колега Ботас (221). 
 
Денешниот победник Леклер изби на четвртото место со 182 бода, три помалку од Верстапен (185), а 13 повеќе од Фетел (169).
 
 Следната 15-та трка на програмата е на 22 септемвир кога во „Марина Беј“ ќе се вози Големата награда на Сингапур.