Фудбал
19. јуни 2017 - 14:03

ЛЕ: Пелистер против силниот Лех Познањ

Фудбалерите на Пелистер добија најсилен противник во Лига Европа од сите наши претставници. 

Битолчани  ќе играат против Лех Познањ, една од најдобрите полски екипи која неретко стигнува и до групната фаза од европските натпреварувања. Лех беше шампион на Полска последен пат  во 2015 година.
Пелистер во Европа ќе настапи како победник на македонскиот куп.