КУД "Дримкол" од Вевчани на денови на Македонската култура во Турција
КУД,,Дримкол” од Вевчани, овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира во градот Сафранболу, Р.Турција во рамки на проектот: Денови на Македонската култура во Турција, поддржан од министерството за култура како дел од националната програма за 2019 година.
Презентацијата на македонската традиционална култура е дел од програмата на реномираниот фестивал за документарен филм ,,International golden saffron documentary film festival“ кој оваа година се одржува по 20 пат во организација и покровителство на општината и градоначалничката г-ѓа Елиф Косе.
На овој познат и реномиран фестивал во Турција оваа година за учество биле пристигнати рекорден број на апликации, односно 1.527 документарни филмови од над 100 земји, податок кој само ја потврдува големината на овој фестивал.
КУД,,Дримкол” во изминативе денови одржа 3 сценски настапи на различни локации, а синоќа на големата сцена во центарот на Сафранболу пред многу бројната публика одржа целовечерен концерт на кој беа презентирани сценски адаптации и кореографски обработки од Вевчани и од другите играорни подрачја на Македонија.
Во Сафранболу во моментов се наоѓа и делегација на општина Охрид кој се и спобратимени градови. Делегацијата оствари средба со градоначалничката на градот како и со бизнис преставници и невладини организации од Сафранболу се во интерес на зајакнување на меѓусебните соработки кој се во интерес на двата града.
Вечерва во 20:30 часот е свеченото затворање на фестивалот и доделување на наградите, а КУД,,Дримкол” вечерва ќе игра и пее во чест на најуспешните.
Утре, Дримкол заминува за Истанбул каде ќе одржи целовечерен концерт во организација на здружението за култура и уметност IDA SANAT, кое работи во рамки на општина Шишли од Истанбул.
Со учество на овој светски признат фестивал, КУД,,Дримкол” од Вевчани само уште еднаш го потврди својот статус на голем културен амбасадор на Македонската култура и традиција низ светот.
Ново на Сител
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот