Ктиторите на манастирот Св.Троица во село Петралица в недела повикуваат на голем собор

Во недела на 4 јуни, според православната црква се празнува Света Троица, а ктиторите од манастирот посветен на овој голем празник во село Петралица, Ранковце, ги повикуваат верниците на голем собор во храмот.
Манастирот се наоѓа во живописната и недопрена природа на село Петралица, а е изграден со донација на семејствата Каранфиловски и Јакимовски.
- Храмот е изграден на местото викано Кутлев крст, а со дозвола од Кумановско - Осоговскиот митрополит г. Јосиф и месната заедница ова место служело за годишни собири на месното население. Одржувањето било прекинато речиси една деценија. Ние потекнуваме од овој крај, па решивме да изградиме храм овде и повторно да го заживееме местото. Во 2014 година беа осветени темелите, за да неполна година подоцна во 2015 година, биде изграден храмот. Неодамна е поставен нов иконостас, длабокорез идентичен со Бигорскиот манастир, се градат конаци, сместувачки капацитети и придружни градби, со автентичен камен од ова поднебје, изјави Страшо Каранфиловски, еден од ктитортите на манасторот.
Неодминливата убавина на пределот е импресивна и го прави местото невообичаено привлечно, во која било доба од годината. Ктиторите планираат во манастирот да живеат монахињи.
- Храмот е изграден во чест на претците и полека но сигурно му го враќа некогашниот сјај на ова место, кое посетено од верници во текот на сите 365 дена, повторно заживува. Портите на манастирот се отворени за сите верници и добронамерници, а во пресрет на празникот ги покануваме верниците од сите краеви на земјава заеднички да го славиме Бога на големиот црковно-народен собир на 4 јуни 2017 година, додаде Каранфиловски.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
