Македонија
18. December 2016 - 14:54

Крвава расправија за паркинг место во Скопје

Во текот на вчерашниот ден околу 13 часот на улицата Владимир Положановски во Скопје, позади трговскиот центар, настаната брутална кавга за паркинг место. 27-годишниот Н.С. од селото Марино бил претепан со гумена палка од непознат насилник со кој се скарал за паркинг место, а бил со автомобил марка  „Цитроен Ц4“.

Насилникот со гумената палка го оштетил и неговото возило „Рено Меган“. Причина е недоразбирање во сообраќајот, односно паркинг место, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.