Македонија
21. November 2024 - 17:41

Кривична за тетовчанец - го продал возилото кое му било дадено како компензација за изработка на мебел

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, во мај 2022 година, со друго лице договориле меѓусебна компензација за изработка на мебел во вредност од 3.500 евра, а за истата сума оштетеното лице на пријавениот му го дал своето патничко возило „фолксваген голф“, соопшти МВР.

Пријавениот доцнел со изработка на мебелот и не му се јавувал на лицето, а во септември 2023 го продал неговото возило на авто плац и на тој начин го измамил лицето.