-->
-->
Крвaв инцидент во старечки дом - старец пронајден со убодни рани во пределот на стомакот
-->
Крвав инцидент во старечки дом во Скопје. Според информациите на МВР, на 21.06.2018 година околу 19,00 часот во Скопје, во Градската општа болница „8-ми Септември“, со убодни рани во стомакот бил примен В. Р. (78) од Скопје . Имено, истиот ден околу 17,00 часот, во една од собите во старечки дом В.Р бил пронајден, со убодни рани во пределот на стомакот. Од страна на персоналот на старечкиот дом, била повикана Итна медицинска помош, по што повредениот бил пренесен во Градкса општа болница. Според пријавеното, В. Р. на персоналот од домот им изјавил дека самиот се повредил. Настанот во Единицата за команда и информирање -Скопје бил пријавен околу 23,50 часот од страна на ГОБ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки