Кривична пријава против Бектеши за вршење притисок врз началник за време на изборите
Полицијта поднесе кривична пријава против поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши- осомничен е дека ја попречувал правдата, бидејќи за време на изборите на командир од охридската полиција му испратил порака за преземање законски полициски мерки и истражни дејствија. Кривичната пријава доаѓа по околу три месеци.
Бектеши денеска ја објави пораката која му ја испратил на командирот:
Свака ви част! Јаки сте. Срамота треба да ви е да се занимавате со млади луѓе, стои во пораката која ја пратил Бектеши на Whatsapp на 7мај.
Екс министерот смета дека станува збор за политички прогон и одмазда за дебалкот кој се случил на 8 мај, а заплашувањето како што вели нема да помине. Објаснува дека
На 7 мај, како координатор на Европскиот фронт во ИЕ 5, од штабот на Европскиот фронт во Охрид добив информација дека на денот на изборниот молк, началникот на кабинет и членовите на кабинетот биле контролирани од охридската полиција што е директно мешање во изборниот процес. Имајќи предвид дека должноста на раководителот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори, подолу е пораката што му ја испратив и како одговорен за изборниот процес.
И од матичната партија на Бектеши, ДУИ го осудија политичко мотивираниот како што велат “лов на вештерки”.Велат Владата се обидува да го одвлече вниманието на јавноста од своите катастрофални неуспеси и да го заплаши албанскиот граѓанин.
Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата која го институционализираше достоинството на албанскиот народ во оваа земја и да го замолкне гласот на албанскиот народ со враќање на заробената држава. Јасно е дека владата со моноетнички легитимитет се обидува да ја прикрие својата неспособност и лошото управување напаѓајќи ги политичките противници. Остануваме решителни и нема да бидеме исплашени од овие кукавички тактики, велат од ДУИ.
Обвинителството и судството да постапат по случајот со Крешник Бектеши и тој да сноси одговорност, повикаа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси и одговорност. Како таа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок? Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци? Што за Бектеши се млади луѓе, дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело? Која порака Бектеши ја упатува до младите?
Премиерот Мицкоски кажа дека не знаел за кривичната пријава и ќе ја почитува презумцијата на невиност.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар