Ковачевски - Лајчак: Војната во Украина налага итна интеграција на Западен Балкан во ЕУ
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во рамките на неговата денешна посета на Брисел, оствари средба со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, на која двајцата соговорници заклучија дека војната во Украина наметнала неопходно забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и итни преговори со Северна Македонија како приоритет.
Како што соопштија од Кабинетот на Ковачевски, тој на средбата со Лајчак истакнал дека очекува дополнителна поддршка од Брисел за дијалогот Скопје-Софија за да се дефинира преговарачката рамка со цел колку што е можно побрзо одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската Комисија како почеток на процесот за затворање на поглавјата за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста