Коста Митровски нов претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија
Коста Митровски, претседател на Управниот одбор и извршен директор на Универзална инвестициона банка - УНИ банка АД - Скопје е избран за нов претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија за следниот 4-годишен мандат .
Поради оставката на Ѓорѓи Јанчевски, поднесена заради неговото пензионирање од функцијата претседател на УО на НЛБ Тутунска банка АД - Скопје, Здружението на банкарството денеска одржа седница на која едногласно го избра новиот претседател.
Здружението на банкарството е основано во 1970 година, како стручен облик на организирање и работење во состав на Стопанската комора на Македонија. Членови на Здружението се финансиските организации од Република Македонија, сите банки, друштва за работа со хартии од вредност, лизинг компании, штедилници, финансиски друштва, друштва за управување со инвестициски фондови.
Здружението има повеќе групации и комисии според секторите кои согласно својата проблематика и дејност постојано се среќаваат и соработуваат со цел донесување на заеднички прифатливи решенија. Здружението има воспоставено одлична соработка со НБРМ, Министерството за финансии, КИБС, Комисијата за хартии од вредност, Управата за финансиско разузнавање, Македонска берза, Централниот депозитар за хартии од вредност, Фондот за осигурување на депозити, Дирекцијата за заштита на лични податоци и други институции од земјата и надвор од неа.
Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија од 1 јули 2011 година е придружен член на Европската банкарска федерација со седиште во Брисел.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори