Македонија
5. March 2023 - 16:36
Кои се најголемите проблеми за младите, кои воедно се и причина за масовното иселување од државата?
Младите се незадоволни од образованието, безбедноста и вработувањето. Во овие 3 сектори имаат многу поголеми очекувања за условите и поволностите кои треба да им ги обезбеди државата. Ова е заклучок од дискусиите водени со средношколци, студенти и лица од младинските организации, за изготовка на Национална стратегија за млади 2023-та – 2027-ма година, при Агенцијата за млади и спорт.
- Не се задоволни од ситуацијата во образовниот систем, што добиваат од нашето образование. Исто така многу се загрижени во делот на безбедноста, сајбер безбедноста, булингот, животната средина. Во последно време сме сведоци на најави за бомби, терористички напади итн. Исто така, во делот на вработувањето и претприемништвото, очекуваат поголеми поволности и услови од страна на државата- изјави Гордана Цекова, раководител на сектор за млади-Агенција за млади и спорт.
Првата драфт верзија на текстот на стратегијата е објавена, но отворени се и дополнителни можности за коментари, прашања и сугестии во насока на креирање на стратешки документ по мерка на младите.
- Вакви локални дискусии ќе се одржат уште во 6 општини, кои ќе бидат од регионален карактер, за да ги слушнеме младите и од останатите општини, а не само од град Скопје- додаде Цекова
Ова е трета по ред Национална стратегија со траење од 5 години, а е обврска според Законот за младинско учество и младински политики.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->